Skip to main content

Промоција на филмoт „Охрид, Охрид убав мил“ на Илија Пиперкоски во чест на празникот Св. Климент Охридски

Во филмот се раскажува приказната за настанувањето на култната песна „Охрид, Охрид убав мил“, која локалното население ја прифаќа безмалку како химна на градот.
 |  инфодеск  | 

Во рамки на одбележување на празникот Св. Климент Охридски – Патрон на градот, во петок, на 8-ми декември ќе се одржи премиерата на документарниот филм „Охрид, Охрид убав мил“ на познатиот македонски и охридски режисер Илија Пиперкоски.

Во филмот се раскажува приказната за настанувањето на култната песна „Охрид, Охрид убав мил“, која локалното население ја прифаќа безмалку како химна на градот. Поместени се изјавите на повеќе соговорници кои ги споделуваат сеќавањата на Сотир Димитроски- Ѕингл, еден од основачите на ансамбл „Билјана“ и песната која многумина ја сметаат за народна, но таа има автор и прекрасна приказна за нејзиното создавање.

Премиерата на новото дело на Пиперкоски ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид во петок, на 8-ми декември со почеток во 19:00 часот. 

извор: ОхридПрес