Вечерва ќе биде промовирана „Охридски музички бисерник“, ново издание посветено на охридската староградска песна
Настанот ќе се одржи во „Лапидариум“, а ќе започне во 19:30 часот.

Вечерва љубителите на охридската музичка традиција ќе можат да уживаат во текстовите на најновото вредно издание: „Охридски музички бисерник (песнарка)“, дело на Андреј Лаброски, реализирано во соработка со ансамблот ВИС „Билјана“.
Книгата содржи нотни записи, текстови и неколку приказни за најпознатите охридски староградски песни, со што претставува значајно сведоштво за богатото музичко наследство на Охрид.
Изданието е помогнато од Општина Охрид. Издавач е ПНВ Публикаци.







