Skip to main content

Утре промоција на новата поетска книга на Стефанија Бакулеска, „Шепотот на езерото“

Промоцијата на „Шепотот на езерото“ е можност публиката поблиску да се запознае со поетскиот свет на младата авторка.
 |  инфодеск  | 

Младата охриѓанка Стефанија Бакулеска, ученичка во прва година во охридската Гимназија, овој петок ќе ја промовира својата втора поетска книга „Шепотот на езерото“.

Промоцијата ќе се одржи на 6 ноември 2026 година, со почеток во 18 часот, во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид.

Бакулеска има само 15 години, а зад себе веќе има две објавени поетски книги. Со пишување започнала на осумгодишна возраст, инспирирана од Охридското Езеро, природата и родното Пештани. Нејзината прва стихозбирка „Мојот свет“ е објавена во 2023 година.

Меѓу нејзините позначајни успеси се првата награда на „Охридски поетски бисер“ во 2025 година и првото место на меѓународен поетски фестивал во Букурешт истата година. Двапати ја претставувала Македонија на Балканскиот поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески“.