Skip to main content

НУ Библиотека „Григор Прличев“

Промоција на стихозбирката  „Набљудувај небо“ од Маја Мојсова

Промотор на книгата е д-р Марина Мијаковска, која воедно е автор на поговорот на книгата. За своето дело ќе говори и поетесата Мојсова.
 |  инфодеск  | 
Набљудувај небо од Маја Мојсова

Во понеделник, 21 август, од 12.00 часот, во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, ќе биде промовирана новата стихозбирка „Набљудувај небо“ од авторката Маја Мојсова.

Промотор на книгата е д-р Марина Мијаковска, која воедно е автор на поговорот на книгата. За своето дело ќе говори и поетесата Мојсова.

„Набљудувај небо“ е четврто поетско остварување на Мојсова, а седма по ред публикувана книга. Издавач е ЗПРКДУ „Креативна верига“.