Skip to main content

Културата расте со децата „За сите деца“

Промовирана книгата ,,Ена и нејзината волшебна четка” од Д-р Кристина С. Алоска

Учениците низ стихови, игра и песна не учеа за важноста на оралното здравје и хигиената на устата уште од најрана возраст.
 |  инфодеск  | 

Во рамките на Програмата на Општина Охрид наменета за децата, Културата расте со децата „За сите деца“, вчера беше промовирана книгата ,,Ена и нејзината волшебна четка” од авторката Д-р Кристина С. Алоска.

Промотор на книгата беше директорката на ООУ Св.Наум Охридски- Пештани, а илустратор на книгата е Дарко Љубиноски. Книгата е поддржана од Општина Охрид.

Учениците низ стихови, игра и песна не учеа за важноста на оралното здравје и хигиената на устата уште од најрана возраст.

На промоцијата настапија и ученици од драмската секција под менторство на наставничките Виолета и Марина, кои преку фантастична драмска игра ја пренесоа веселата и здрава порака „Добро утро-здрави заби, добар ден-здрава и блескава насмевка“, велат организаторите на настанот.