Skip to main content

Културата расте со децата ,,За сите деца”

Промовирана книгата „Во домот на пастрмката” од Александра Велинова

Учениците од ОУ „Св.Наум Охридски“ од Пештани на креативен начин читаа извадоци од книгата.
 |  инфодеск  | 

Во рамките на Програмата на општина Охрид за децата под мотото: Културата расте со децата ,,За сите деца”, по повод Меѓународниот ден на животната средина, вчера беше промовирана книгата ,,Во домот на пастрмката” од авторката Александра Велинова.

Промотор на книгата беше Валентина Рубаноска. Книгата е во издание на издавачката куќа Едука Мак, а финансиски е поддржана од Општина Охрид.

Организаторите информираат дека настанот беше од едукативен карактер, а едукација за пастрмката и запознавање со нејзиното мрестење, живот, заштита и значење одржа Сузана Патчева од Хридробиолошки Завод од Охрид.

Додаваат и дека Јован Секулоски од НЦ Амфора ги запозна учениците со сите предизвиции со кои се соочуваме за зачувување на пастрмката како ендемски вид во Охридското Езеро, упатувајќи порака дека од најмлада возраст се учи како да се однесуваме кон ,,домаќинот” на Охридското Езеро- пастрмката.