Пропадна „совршениот“ брак на Хајди и Сил; виновна е дадилката
Хајди Клум и Сил беа едни од најпознатите Холивудски парови па затоа веста за нивната разделба ја изненади и шокира јавноста. Денес двајцата и официјално потврдија дека се разведуваат но остануваат пријатели.
Хајди и Сил ги потврдија шпекулациите во една заедничка изјава: “Додека уживавме во седум среќни и лојални години во брак, после многу размислување одлучивме да се разделиме. Ние имавме длабока почит еден спрема друг, и сеуште ќе продолжиме да се сакаме, но се разделивме. Ова е пријателски процес и сакаме да ги заштитиме нашите деца кои се нашиот приоритет. Им благодариме на нашите пријатели, семејството и обожавателите за нивната подршка. Се надеваме дека ќе ја почитувате нашата приватност.”- пишува во изјавата.
Причините на хартија се „непремостивите разлики“, но наводно 38- годишната Хајди не може да премине преку прељубата на Сил (49). Се зборува дека музичарот ја изневерил со една од нивните дадилки, поради што од неодамна постојано се караат.
Тие беа во брак од мај 2005 година, и имат три билошки деца Хенри (6), Јохан (5) и Лу (2), а Сил ја посвои и 7 годишната ќерка на Хајди од претходниот брак со италијанскиот бизнисмен Флавио Бријаторе.
{loadposition content9}