Skip to main content

Протест на 1000 велосипедисти во Лондон

Повеќе од 1.000 велосипедисти се собраа во Лондон пред седиштето за транспорт во петокот за да протестираат за она што тие велат дека е опасна транспортна инфраструктура во градот.

velosipedisti
велосипедисти

Повеќе од 1.000 велосипедисти се собраа во Лондон пред седиштето за транспорт во петокот за да протестираат за она што тие велат дека е опасна транспортна инфраструктура во градот.

velosipedistiПротестот доаѓа после лош месец за Лондонските велосипедисти: во само две недели, шест велосипедисти биле убиени после судар со моторни возила, предизвикувајќи вознемиреност и повици за промена на заедницата за велосипедизам на градот. Сепак, никој од официјалните лице досега не стапил во контакт со масовно организираните протести, додека граоначалникот Борис Џонсон одговорил на кризата со тоа што ги обвинил велосипедистите велејќи дека тие се виновни затоа што не ги почитуваат правилата на патот.
 
Ова беше последната капка за голем дел од луѓето на лондонската велосипедска заедница. Протестот започнал со само двајца активисти, Донакад МекКарти и Стив Рутли кои биле разочарани поради малите протести кон средината на ноември, па така сакале да организираат протести кои политичарите нема да можат да ги игнорираат. После долго размислување, тие добиле идеја од успешната холандска кампања од 1970 година и започнале да ја шират за нивната глума на наводна смрт. За само две недели, идејата се рашири насекаде низ Фејсбук, така што голем дел велосипедисти започнале индивидуално да делат летоци низ градот и да го промовираат протестот.

Така, протестот го доби своето заслужено внимание – генералниот директор на Tfl Surface Transport Леон Даниелс ијзавил дека барањата на демонстрантите за одделни велосипедски патеки се веќе во план и ќе бидат реализирани во следните 10 години внимателно нагласувајќи дека ќе бидат потребни месеци или години за секоја надградба.

{loadposition content9}