Прв Кајакарско Веслачки Маратон „Струга – Охрид“
На предлог од двајца спортски ентузијасти од Струга и Охрид, Кајак – Кану Клубот „Дрим“од Струга заедно со Меѓународната организација на пловни спортски клубови „NSS“ на 19.09.2015 година во водите на Охридското езеро го организира Првиот Кајакарско Веслачки Маратон „Струга – Охрид“ во должина од 11 км.

Стартот е предвиден за 19 .09 .2015 год. од пристаништето пред Хотел Дрим Струга во 8 часот а целта е во Охрид кај Црквата Св.Јован Канео пред летна Бавча Канео.
Право на учество имаат сите спортисти од Кајак – Кану и Веслачките Клубови во Македонија и странство и сите заинтересирани поединци кој имаат сопствено пловило и се со беспрекорна здравствена состојба . Ке се весла само во две категории Машки и Женски без старосни ограничувања .
Организаторот за учесниците има обезбедено маици со стартен број, оброк и пијалок, а за победниците и медали,додека за сите кои ке стигнат на целта дипломи за учество. Целата патека ке биде покриена со медицинска екипа.
Сите заинтересирани треба да се пријават најдоцна до 14 .09 кај организаторот со наведување на врста на пловило Име и Презиме а пожелно е и матичен број. Организаторот има право за евентуални измени за датумот и часот на страртот во случај на неповолни временски услови и е должен благовремено да ги обавести сите учесници. Од тие причини во пријавата треба да има и контакт телефон или Е-маил адреса.