Skip to main content

Ранобудниците се најпродуктивни

Најпрво мора да напоменеме дека доколку ви одговара, одлично е да сте ноќна птица. Нема причина за да се менувате, особено ако не ви пречи и ако сте задоволни.Меѓутоа доколку се одлучите за промена на вашиот животен ритам, ви нудиме неколку совети кои ќе ви помогнат да станете ранобудни.

ранобудничка
ranobudnicka

Најпрво мора да напоменеме дека доколку ви одговара, одлично е да сте ноќна птица. Нема причина за да се менувате, особено ако не ви пречи и ако сте задоволни.Меѓутоа доколку се одлучите за промена на вашиот животен ритам, ви нудиме неколку совети кои ќе ви помогнат да станете ранобудни.

Поздравете го денот

Нема нешто поубаво кога ќе станете рано и кога ќе го поздравите прекрасниот ден. Ви препорачуваме да си создадете некој утрински ритуал во кој ќе го поздравите денот. Далај Лама рекол: Секој ден кога ќе се пробудиш помисли – среќен сум што се разбудив денес, што сум жив/а, што го имам својот драгоцен живот кој не сакам да го потрошам залудно. Ќе ја вложам сета моја енергија да се развивам, да го проширам своето срце за другите, да доживеам просветлување за доброто на другите луѓе, да имам добри мисли кон сите, и да не се лутам или да не помислам лошо за било кој, како и да направам добро колку што можам повеќе.

Неверојатен почеток на денот

Важно е вашиот почеток да не биде во брзање. Обидете се да станете порано, да си направите кафе и да ги прочитате утринските вести. Полека спремете се за на работа/факултет. Така вашиот ден ќе започне подобро и во смирена состојба.

Таа тишина…

Првите утрински часови се најтивкиот дел од денот – нема викање, нема луѓе кои зборуваат, нема бебе коешто плачи, нема натпревари, нема автомобили… Ова е најубавиот дел од денот и треба да уживате во него.

Доживејте го изгревањето на сонцето

Луѓето кои стануваат доцна секој ден пропуштаат еден од најубавите подвизи на природата пренесени во живо – изгревањето на сонцето.

Доручек

Кога ќе станете рано ќе имате време нешто и да каснете. Како што знаете сите, доручекот е најважниот оброк без кој нашето тело нема гориво и енергија. Кога стануваме гладни за време на ручекот посегнуваме кон било што без оглед на тоа дали е здраво или не.

ранобудничкаВежбање

Секако дека може да се вежба во другиот дел од денот, како на пример после работа, меѓутоа во овој период може да излезат голем број работи. Утринското вежбање е скоро невозможно да се прескочи.

Продуктивност

Утрото е најпродуктивниот дел од денот. Тогаш можете да работите и да бидете најефективни и најефикасни во вашата работа.

Време за поставување на цели

Нема подобро време од утрото за прегледување или поставување на вашите цели. Би требало да имате една цел која ќе ја исполните оваа недела, а секое утро можете да одлучите која работа ќе можете да ја направите денес за да се приближите до целта.

Мобилност

Никој не сака гужви во сообраќајот. Тргнете рано, кога сообраќајот се уште не е густ и така зачувајте си време.

Состаноци

Многу е полесно да преговарате кога станувате рано. Кога ќе задоцните на состанок, тоа е лош сигнал кој го испраќате на другите луѓе.

Како да станете ранобудни:

Немојте да правите промени наеднаш – Тргнете полека, будете се 15-30 минути порано отколку што се будите.

Дозволете си себеси да легнете порано – Сте се навикнале да лежите пред компјутер или да дремите на интернет до доцна, меѓутоа ако се обидувате да станете порано, морате да си легнете порано.

Ставете го вашиот будилник што подалеку од креветот – Ако го ставите до креветот ќе го исклучите и ќе продолжите да спиете. Меѓутоа обидете се да не го притискате копчето „snooze“. Ако ви е далеку од креветот ќе морате да станете за да го исклучите, а кога тоа ќе се случи вие ќе бидете на нозе.

Излезете брзо од спалната соба кога ќе го исклучите алармот – Не си дозволувајте да размислувате за враќање во креветот туку натерајте се да излезете од собата.

Најдете добра причина – Дајте си самите себеси задача за секое утро така што ќе имате причина да станете од кревет.

Наградете се себеси – Наградата може да биде чоколадо, некој вкусен доручек или нешто слично што ви годи, па така ова направете го во утринска рутина.

{loadposition content9}