Skip to main content

Рап дуото „Мотивација“ го подготвува албумот првенец

За една од своите песни тие моментално подготвуваат и видео запис, а за соработката со момците од БЕД КОНТРАКТ велат дека е вистински предизвик но и благослов.

raperi
рапери

Членовите на охридската рап дружина BC генерација, момците од рап дуото „Мотивација“ составено од Мики и Змејко, го подготвуваат својот албум првенец, но и својот прв видео запис. Досега подготвиле четири песни, а за целокупниот албум велат дека подготвуваат уште шест.

Motivacija rap duo„Во моментов најново работиме на нашиот прв видео запис кој ќе биде снимен за песната “Gangbang”, која е во MBP продукција снимена, кај Мечкаров, се надеваме дека ќе биде се како што треба. Другата недела треба да почнеме со снимање на спотот.“-вели Мики од Мотивација.

За соработката со познатиот охридски рап состав Bad Contract велат дека е вистинско задоволство. Сметаат дека работењето со толку голема група помага и во самата продукција, и во работењето на песните, особено што Bad Contract се еден од најстарите рап состави во земјава. Од „Мотивација“ велат дека хип-хоп сцената во Охрид не е на нивото на кое би требало да биде.

„Во Охрид засега е како во тишина, бидејќи и самите Bad Contract имаат долга пауза, па сега се работи на доста големи проекти, цела екипа, некаде околу четири албуми, можеби и пет. Се андеваме дека ќе се крене публикава во Охрид, за рап музиката и самава хип-хоп култура дека ќе се прошири. Инаку во Македонија има рап, само во Охрид сега е послабо, па се трудиме со овие албуми и проект да се сменат некои работи кон подобро и да се насочиме кон хип-хоп културава.“-рече членот на Мотивација, Змејко.

Инаку албумот првенец на момците од „Мотивација“ се вика „Од друг аспект“, а велат дека најверојатно ќе биде готов до Април годинава.

{loadposition content9}