Распишан конкурс за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2026 година

Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид го распиша конкурсот за избор на најдобра поема за 2026 година. Авторите можат да учествуваат со необјавени дела на слободна тема, со најмалку 912 стихови, а крајниот рок за доставување е 21 ноември.
Конкурсот е анонимен, а најдобрата поема ќе биде избрана од тричлено жири составено од реномирани македонски автори. За победничкото дело е предвидена парична награда.
Поемите треба да бидат испечатени еднострано на формат А4, со големина на фонт од најмалку 11 пункта, и доставени во четири идентични, шифрирани примероци. Секој педесетти стих треба да биде нумериран.
Еден автор може да учествува со само едно дело, а коавторските поеми нема да бидат прифатени.
Заинтересираните автори треба да ги достават своите необјавени поеми најдоцна до 21 ноември 2026 година, на адресата: НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, ул. „Македонски просветители“ бр. 4, 6000 Охрид.
На пратката треба да биде наведено: „Пријава за избор на најдобра поема ‘Григор Прличев’“.
Делата што ќе пристигнат по истекот на рокот или нема да ги исполнуваат условите нема да бидат разгледувани. Авторите кои ќе поднесат уредни пријави ќе бидат известени за резултатите од изборот.
За дополнителни информации, заинтересираните можат да се јават на телефонскиот број 046/261-063, да пишат на centarzakultura_ohrid@yahoo.com или да ја посетат веб-страницата www.centarzakulturaohrid.com.mk.




