Распишана потерница за Мерилин Менсон
Издаден е налог за апсење на светски познатиот рокер, Мерилин Менсон. Тој е обвинет по две точки за физички напад врз снимател.
Полицијата во американската држава Њу Хемпшир издаде активна потерница за пејачот Мерилин Менсон во врска со обвиненија за напад.
Менсон (52), е обвинет по две точки за физички напад врз снимател за време на концерт во Гилфорд во 2019 година.
Во соопштението, полицијата вели дека пејачот и неговите агенти веќе некое време биле свесни за потерницата. Но, тој не се потрудил да се врати за да одговори на обвиненијата.
Во соопштението од полицискиот оддел Гилфорд се вели дека секое обвинение носи можна затворска казна помала од година и парична казна од околу 2,000 долари.
Полицијата додаде дека наводните напади не се од сексуална природа.