Развод кој никој не го очекуваше
И додека никој не очекуваше дека постојат некакви проблеми во нивното љубовно гнездо, брачниот пар ја објави оваа вест.
“Ние одлучивме да се разведеме. Ова беше многу тешка одлука. Сепак, не се разделуваме во непријателски односи, туку напротив, и двајцата дојдовме до заклучок дека мора да прекинеме. Ни претстои многу тежок период и се надеваме дека ќе ја почитувате нашата приватност“, се вели во заедничкото соопштение кое тие го испратиле до јавноста.
Причините за ваквиот ненадеен развод на никого не му се познати. Разводот на Лопез и Антони за целиот свет беше навистина големо изненадување.
Брачниот пар до неодамна на секоја забава разменуваше нежности и бакнежи и на никого не му даде до знаење дека може да се случи такво нешто, пишуваат денеска медиумите.
Поради оваа вест, нивните фанови се “шокирани“. Сите се потсетуваат на страсниот бакнеж кој тие го споделија на 25 мај кога Лопез официјално му се придружи на жирито на “Американскиот идол“. Тогаш тие на целата јавност и дадоа до знаење дека сеуште се заљубени.
Парот во април оваа година објави и дека планираат да почнат со реализација на нивното заедничко шоу со Сајмон Фулер, основачот на “Идол“.
Ништо не укажуваше на тоа дека тие еден на друг ќе си кажат збогум.
{loadposition content9}