Skip to main content

НУ Библиотека Григор Прличев

Реализиран проектот „Книгата најдобар другар на децата’’

Во проектот беа вклучени 15 ученици од V-то одделение од ООУ „Григор Прличев’’- Охрид на кои им беа доделени благодарници за нивното учество.
 |  инфодеск  | 

Од 4 до 11 мај НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид го реализира проектот „Книгата најдобар другар на децата’’, кој е дел од Годишната програма за работа на установата финансиран од Министерството за култура и и туризам.

Во проектот беа вклучени 15 ученици од V-то одделение од ООУ „Григор Прличев’’- Охрид на кои им беа доделени благодарници за нивното учество.

-Другарувавме со едукативни книги, енциклопедии, книги со високо квалитетна содржина и привлечни слики. Целта на проектот е доближување и имплементација на книгата како извор на информација со која децата можат да се здобијат со знаења од областа на науката, техниката, астрономијата, природата и сл. Часовите беа креативни. Децата имаа можност да ја покажат својата надареност, да се дружат, забавуваат, учат и надградуваат. За време на часовите децата го покажаа својот талент за цртање на слики од материјалот кој беше предвиден за соодветниот час, а истовремено дебатиравме на низа прашања кои постојано ги поставуваа на секој час нестрпливо очекувајќи ги одговорите, вели библиотекарот Бети Лазеска – Симоноска, која беше носител на проектот.

Во неговата реализација како соработници беа вклучени Даниела Ристеска, Милчо Јованоски и Коста Трифуноски.