Рент-а-бабичка
Ви недостигаат колачи со мирис на цимет, највкусниот џем на светот, пита со спанаќ. Изнајмете си баба. Плус, таа не седи цело време пред компјутер фејсбук и твитер, не пишува смс и знае да раскажува приказни.
Имено, се работи за фирма, која прерасна во национална франшиза, а се нарекува Rent-A-Grandma. Таа им пружа на Американците можност да си изнајмат жена постара од 50 години, која ќе го работи сето она што го прават обичните бабички – чување деца, миленичиња, одржување на куќата и готвење.
Од компанијата имаат совршено објаснување, освен специјалитетите на баба, со кое ќе одберете да си изнајмите постара жена, во замена со млада девојка: „Освен предноста која ја носи животното искуство, бабите не пишуваат СМС пораки и не „твитаат“ додека ви ги чуваат децата“, вели Тод Блис, основачот на Rent-A-Grandma.
Бабите на Блис ќе заработуваат од 16 до 23 долари на час, а со оглед на фактот што многу постари жени се во потрага по работа, тој се надева дека нема да недостасуваат потенцијални баби.
{loadposition content9}