Skip to main content

РЕсет Vol.10 во Охрид – тренинг со Елена Бубало и Емилија Колоска на Голф клуб Охрид

Учесниците ќе имаат можност да вежбаат во прекрасното зеленило на Голф клуб Охрид, со зајдисонце, добра музика и позитивна атмосфера. Пријавувањето е во тек.
 |  инфодеск  | 

Јубилејното 10-то издание на РЕсет повторно се одржува во Охрид, а овојпат учесниците ќе имаат можност да вежбаат во прекрасното зеленило на Голф клуб Охрид, со зајдисонце, добра музика и позитивна атмосфера.

Настанот ќе се одржи во недела, 23 август, со почеток во 19 часот, а тренингот ќе го водат Елена Бубало и Емилија Колоска. За музичкиот дел и атмосферата ќе се погрижи локалниот диџеј Климент.

Организаторите најавуваат тренинг во природа, дружење и пријатно попладне, а учесниците треба да понесат простирка за вежбање и удобна спортска облека.

Настанот е дел од бесплатните активности што Реплек ги реализира преку платформата РЕсет, чија цел е поттикнување здрави навики, позитивен дух и грижа за физичкото и менталното здравје.

Заинтересираните можат да го резервираат своето место преку пријавата тука: https://tinyurl.com/rr2ada4s