Ријана, полугола на карневал во родниот Барбадос
Црвенокосата пејачка дојде на Kadooment Day парадата и во секси издание се дружеше и веселеше не грижејќи се за фотографите кои верно ја пратеа.

Ријана вчера одлично се забавуваше во својот роден град на Барбадос. Црвенокосата пејачка дојде на Kadooment Day парадата и во секси издание се дружеше и веселеше не грижејќи се за фотографите кои верно ја пратеа.
Во црвени гаќички и градник и мрежести чорапи и со шише пијалок во рацете Ријана тотално се опушти. Не и пречеше ниту дождот кој го испра фестивалот, туку уживаше во водата, а се фотографираше и со обожавателите кои ја забележаа на парадата.
Kadooment Day парадата се одржува секоја година уште од 1780, т.е. датира од далечните денови кога Барбадос беше водечки светски производител на шеќер. Денес веќе ја нема таа титула, но сеедно, на островот секоја година се организира парада за да се одбележи крајот на жетвата на шеќерната трска. Оваа година Ријана дефинитивно беше ѕвезда на фестивалот, а судејќи по фотографиите и самата одлично се забавувала.
{loadposition content9}