Поп сцена
Ријана стана најмладата милијардерка во Америка
Светски познатата пејачка Ријана, официјална стана најмладата милијардерка во Америка. Нејзината пејачка се проценува на 1,4 милијарди долари.
Ријана официјално стана најмладата милијардерка во Америка која сама го стекнала своето богатство.
Пејачката која годинава наполни триесет и четири години, неодамна беше прогласена за најдобро рангирана музичарка на листата на Форбс, а сега стана единствената милијардерка помлада од 40 години.
Богатството на Ријана се проценува на 1,4 милијарди долари, што се должи на успехот на нејзините брендови „Fenty Beauty“, „Fenty Skin“ и „Savage X Fenty“.
Не можев ни да замислам дека ќе заработам толку пари. Секако, и понатаму продолжувам да работам напорно, но нема да дозволам да се опседнам со парите – изјави пејачката претходно за „Њујорк тајмс“.