Ријана е жена на годината
Италијанското издание на магазинот Vogue ја прогласи Ријана за жена на годината.
Убавицата од Барбадос ја понесе ласкавата титула поради хуманитарната работа, успешната музичка кариера и умешноста да се справи со сериозните проблеми во својот приватен живот, особено после излегувањето од проблематичната врска со Крис Браун.
– Независната и енергичната млада Робин Ријана Фернти (23) е жена на годината според нашиот избор и тоа не само поради гласовите на читателите, туку и поради борбениот дух благодарение на кој од Барбадос стигна на врвот на музичките листи и самостојно ја создаде успешната кариера, се наведува во соопштението на Vogue.
Од италијанскиот Vogue додадоа дека Ријана, неспорно е најдобриот кандидат за поп-кралица.
– Таа успеа да ја гради кариерата и покрај бројните проблеми во приватниот живот, од проблемите со нејзиниот татко, кој е зависник од дрога, до успешното преживување на врската со Крис Браун, кој беше насилен кон неа, наведуваат од Vogue.
Пејачката за првпат ја красеше насловната страна на магазинот во септември 2009-та година.
Во текот на својата кариера подржувала бројни кампањи против рак на дојка, се вклучувала во акции за помош на гладните, болните и несреќните.