Skip to main content

Роденденска „Импровокација“ на 25 февруари

Култното шоу „Импровокација“  слави 9 години.
 |  инфодеск  | 

Култното шоу „Импровокација“  слави 9 години.

-Денешниот ден за некого е ден на вљубените, а некои го слават и култот кон Трифун пијаницата. Да речеме дека Импровокација ги слави заеднички, односно сме заљубени во пиењето , велат организаторите.

Тие го најавија роденденското издание на „Импровокација“ кое ќе се случи на 25 февруари, од 20:00 часот во Народен Театар Охрид.

Карти по цена од 300 денари може да се резервираат на телефонскиот број 075283066.