Роденденско изненадување за Мрме од македонските фудбалери
Популарниот Мрме го дочека својот роденден во фудбалска атмосфера, односно во хотел со играчите во еден неверојатен амбиент. Што би посакал повеќе еден тренер од тоа да го дочека роденденот во услови кога го подготвува тимот за првиот настап на Европските првенства. Ангеловски беше изненаден од фудбалерите кои со поддршка на старата гарда „Комити“ му подарија часовник од луксузниот швајцарски производител „Tissot“.
Македонските репрезентативци покажаа класа и му приредија мало роденденско изненадување на селекторот Игор Ангеловски, кој по повод својот 45-ти роденден доби и навистина специјален подарок.
Популарниот Мрме не можеше да го дочека својот 45-ти роденден во подобра атмосфера и во поидеални услови, бидејќи тој е човекот кој го подготвува тимот за првиот и историски настап на едно големо натпреварување.
Ангеловски беше пријатно изненаден од македонските репрезентативци кои добија поддршка и од стара гарда „Комити“, а за подарок си доби часовник од луксузниот швајцарски бренд „Tissot“.
– Дечки Ви благодарам за честа и поклонот, но јас и сите навивачи на македонската фудбалска репрезентација од вас го добивме највредниот поклон, ЕУРО 2020. Ве сакам. Благодарност и до стара гарда „Комити“ – објави Ангеловски на Фејсбук.