Ротари Клубот од Охрид, донираше компјутерска опрема на Основното училиште „Братство Единство“
Ротари Клубот од Охрид, донираше компјутерска опрема на Основното училиште „Братство Единство“ (Крст-Џамија) наменета за децата со посебни образовни потреби кои се во редовна настава во училиштето.
Ротари Клубот од Охрид, донираше компјутерска опрема на Основното училиште „Братство Единство“ (Крст-Џамија) наменета за децата со посебни образовни потреби кои се во редовна настава во училиштето.
Компјутерската опрема се состои од технички средства во вид на лап топ, фотокопир, печатар, ламирка и останати потрошни материјали кои директно ќе послужат за задоволувањето на посебните образовни потреби на учениците кои се дел од училиштето.
Донацијата беше остварена по предходна консултација со управата и стручното лице – дефектолог кое секојдневно работи со децата кои имаат посебни образовни потреби, односно донирана беше таква опремата од која што училиштето имаше потреба и која е наменета и посебно прилагодена токму за овие деца, се со цел да може да придонесе во нивното полесно и побрзо совладување на образовниот материјал.
Оваа донација е дел во низата на донации од годишната програма на Ротари Клубот Охрид која е посветена на помагање на институции и организации кои работат со деца со посебни интелектуални, физички и образовни потреби во нашиот град и околината.
Од Ротари клубот изразија благодарност до директорот на училиштето и дефектологот кои овозможија да се донира еден скромен придонес во нивната институција, а воедно и да се придвижи колективната свест на општеството за стимулација на конкретни активности кон конкретни групи на кои и најмалото внимание им е од огромно значење во остварувањето на нивните секојдневни потреби.