Skip to main content

Русите го извлекоа најголемиот метор кој паднал на Земјата

Руските нуркачи од езерото во регионот Челабинск го извлекле можеби најголемиот метеор откриен на Земјата.

meteor
метеор

Руските нуркачи од езерото во регионот Челабинск го извлекле можеби најголемиот метеор откриен на Земјата.Каменот од 570 килограми најверојатно припаѓа на метеорот што годинава експлодираше и се распадна на тоа подрачје, при што направи дупка во замрзнатото езеро Чебаркул, со пречник од околу шест метри.

Се чека потврда од експертите дали тоа е најголемиот метеор пронајден на Земјата.

ezeroПовеќе од илјада луѓе беа повредени кога 17-метарскиот камен влезе во атмосферата, и се распадна во Русија на 15 февруари.

Научниците предупредуваат дека ќе биде потребно извесно време за да се потврди дали каменот пронајден во езерото навистина доаѓа од вселената.

Карпата е пронајдена во езерото на длабочина од 13 метри.

Нуркачите досега од дното на езерото извлекоа 12 парчиња, но само околу пет од нив се потврдени како делови од метеор.

{loadposition content9}