Skip to main content

Центар за култура “Григор Прличев”

Во сабота премиера на филмот „ТЕ ДУА, ЖИМИ МЕНЕ” во Oхрид

Маалски џанак, коцкар и армоникаш трудејќи се да ја вратат назад купената жена од Албанија стануваат дел од мафијашка зделка и мора да се справат со низа на несекојдневни ликови.
 |  инфодеск  | 
ТЕ Дуа Жими Мене

На кино репертоарот во НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид премиерно ќе се прикажува филмот „ТЕ ДУА, ЖИМИ МЕНЕ”, во САБОТА 30.09.2023 година, со почеток во 20.00 часот. Гости на премиерата ќе бидат дел од актерската екипа на филмот.

СОДРЖИНА: Маалски џанак, коцкар и армоникаш трудејќи се да ја вратат назад купената жена од Албанија стануваат дел од мафијашка зделка и мора да се справат со низа на несекојдневни ликови.

Режија: Марјан Гавриловски, Траење на филмот: 124 Минути.

Глумци: Никола Кузелов, Атанас Атанасовски, Валентин Видовиќ, Ангела Стојановска, Сенко Велинов, Тони Михајловски, Игор Џамбазов, Исмаил Касуми, Мирсад Ибази, Мими Таневска, Владо Јовановски, Фирдаус Неби, Елдин Широки, Надица Петрова, Руиш Беговска, Талија Настова.

Цена на карта 150 денари.