Skip to main content

Во сабота проекција на филмот „Прличев, Сердарот и јас“ на Милчо Јованоски во Култ Културен Центар

Вечер посветена на Григор Прличев: Филм, изложба и диџеј сет во Култ Културен Центар
 |  инфодеск  | 

Во сабота, 21 февруари, со почеток во 19 часот во Култ Културен Центар ќе биде прикажан филмот „Прличев, Сердарот и јас“ во авторство на Милчо Јованоски, а во продукција на НУ Библиотека Григор Прличев.

Филмот претставува интервју со проф. д-р Георги Сталев Поповски, автор на првиот стихуван превод на „Сердарот“ на македонски јазик, кој говори за настанувањето на делото и за творештвото на Прличев. Снимател на филмот е Емил Јовановиќ, а монтажата на Сандра Јовановиќ и Love & Life Studio.

Во рамки на вечерта ќе биде поставена изложба на детски ликовни творби инспирирани од Прличев, а настанот ќе заврши со диџеј сет на Никола Тони со избор на етно и светска музика.