На која возраст денешните жени се стари?
Дел од најпознатите британски телевизиски ѕвезди се осмелија да се разголат за списанието “Best”, за да докажат дека без разлика на возраста, секоја жена е убава и не треба да биде дискриминирана заради нејзините години.
Ѕвездите зборуваа за начинот на кој жените, без разлика на нивниот талент, може да бидат одбиени за улоги пред камера само затоа што продуцентите мислат дека тие се многу стари.
Овие ѕвезди, со својата разголена фотосесија, сакаа да докажат дека секоја жена е прекрасна, без разлика на возраста, па така, во интервјуто кое беше објавено под рубриката “Проблеми со Телото”, тие отворено зборуваа за нивните проблеми со самодовербата поврзани со стареењето.
За жал, многу од жените, посебно оние кои се во светот на шоу бизнисот, го чувствуваат притисокот на староста и, наместо да уживаат во мудроста и убавината која доаѓа со зрелоста, тие секоја година губат од својата самодоверба и мотивација.
Според една од ѕвездите, овие проблеми стануваат се полоши и очигледно тоа е вина на писателите, кои во своите сценарија не пишуваат за жени кои се постари од 35-години.
“Порано се соочувавме со староста на 50 години, потоа на 40, а сега секој кој има повеќе од 35 години спаѓа во категоријата “престар””, изјавила Беверли (54 години), согласувајќи се дека притисокот станува се понеиздржлив.
{loadposition content9}