Само еден од митовите за мачките
Сигурно знаете барем еден мит поврзан за мачките. Повеќето од нив се бесмислици. Но еден од нив излегува дека е точен.
Доколку ја притиснете кожата на мачката од задната страна на нејзиниот врат, таа е неподвижна.Всушност, слични ефекти биле забележани и кај други животни, вклучувајќи ги и глувците, зајаците, кучињата и други. Овој феномен најмногу се забележува кај новороденчињата, кога мајката ги пренесува од едно место до друго.
Многу истражувања се обиделе да ја објаснат причината за појавата, но неуспешно. Изминатиот век, мачките биле цел на повеќе експерименти. Мачките биле притиснати во задниот дел од вратот и биле набљудувани за знаци на страв или болка. Зениците на мачките не ја промениле својата големина, а срцето не го забрзало пулсирањето. Не биле забележани ниту промени во дишењето.
Постојат повеќе претпоставки за причината на феноменот, меѓукои поврзаноста со мозокот или сеќавањата од раните дни кога мајката ги пренесувала до сигурно место на овој начин, но причината се’ уште не е сигурно потврдена.
{loadposition content9}