Skip to main content

Самостојна изложба на уметникот Сашо Блажес денес во Касарна Хаб

Изложбата ќе биде отворена за јавноста во 12:00 часот и ќе биде проследена со предновогодишна забава.
 |  инфодеск  | 

Во Касарна Хаб во Охрид, денеска ќе биде отворена самостојната изложба „No escape from reality” на познатиот охридски уметник Сашо Блажес.

Станува збор за изложба која ја истражува комплексноста на перцепцијата и размислувањето преку една серија на досега неизложени дела, информираат организаторите.

-После самостојните излагања во Грац, Париз и Венеција оваа година почувствував потреба да претставам дел од моите досега неизложени дела од моите најнови циклуси во Охрид но овој пат во еден неконвенционален, ‘’експериментален’’ простор, во Касарна Хаб,(во просториите на бившата касарна во Охрид), вели уметникот Блажес.

Изложбата ќе биде отворена за јавноста во 12:00 часот и ќе биде проследена со предновогодишна забава.

Сашо Блажес е роден во 1980 година во Охрид, каде живее и работи. Дипломирал во 2006-та година на Универзитетот за ликовни уметности во Букурешт, Романија, како еден од најдобрите студенти на графичкиот отсек. За време на магистерските студии (2006-2008) бил вклучен од катедрата за графика во изготвувањето на неколку универзитески трудови од областа на графиката и графичките техники на Универзитетот. Зад себе има реализирано четиринаесет самостојни изложби во Македонија и во странство, а има учествувано на бројни групни изложби во Германија, Романија, Шведска, Јапонија, САД, Канада, Италија. Бугарија.

Негови дела се наоѓаат во приватни збирки во Норвешка, Романија, Германија, Франција, Италија, Австија и Австралија.