Skip to main content

Сан Франциско ќе забрани продажба на домашни миленици

Во Сан Франциско луѓето ќе можат да чуваат животни само во фрижидер или на трпеза.

 |  Маја Савиќ  | 
mace slatkoГрадските власти ја разгледуваат можноста за криминализација на продажбата на домашни миленици, бидејќи истите без потреба страдаат и најчесто се купуваат импулсивно од родители, на чии деца брзо им досадува од животното за кое не се грижат соодветно.

Продавниците за миленици се противат и велат дека покрај тоа што ќе останат без работа, евентуалниот закон нема да ги спречи жителите на Сан Франциско да купат милениче од друго место.

Оние кои го подржуваат законот сакаат да се стави крај на непотребното размножување на животните за профит, кое резултира со чување на милениците во лоши услови.

papagali

Доколку помине, забраната ќе важи за кучиња, мачки, глодари, рептили, аквариумски риби и мали птици, но од истата ќе бидат исклучени живите риби, јастозите и живината, кои луѓето ги користат како храна.

{loadposition content9}