Сѐ е подготвено за музичко сценскиот спектакл Зимска Бајка
Во Охрид се подготвува седмото издание на манифестацијата „Зимска бајка”. Музичко сценскиот спектакл, што традиционално се организира пред Новогодишните празници и годинава ќе понуди многу забава.
Организаторот, вели „Бајката” ќе не врати во 80-те години од минатиот век, во еден од најплодните периоди на светската музика. Дел од безвременските хитови од овој период ќе бидат изведени од бендот на „Зимска Бајка” и вокалните солисти Емилија Колоска и Христијан Тоневски.
„Подготовките се во завршна фаза, во тек е поставувањето на сцената која за овој настан специјално ќе биде уредена, бидејќи оваа година Зимската бајка има своја потприказна ќе се рабти концептот музиката од 80 те години и од таму целиот амбиент ќе наликува на тој временски период. На едно златно време за музиката и се надеваме дека ќе успееме да доловиме една убава атмосфера за публиката. Во тек се завршните активности настанот е во сабота 23 ти од 19 часот во ЦК и салата ќе биде исполнета до псоледно емсто”, изјави Горан Момироски организатор на„Зимска бајка”.
Покрај добра музика, традиционално шоуто ќе биде зачинето со креативен хумор на врвните охридски актери.
„Неизоставен дел од зимската бајка е стенд ап комедијата и воопшто комедијата за што и оваа година се задолжени извонредните актери од охридскиот Народен театар, Никола Тодороски, Стрезо Стаматоски и Two mothers brothers. А специјални гости ќе ни бидат Атанас и Тино. Значи во овие претразнични мигови многу хумор и смеа токму она што ни недостасува во секојдневието”, додава Момироски.
Охрид има богата културна сцена, настани и манифестации со децениска традиција, но повеќето во екот на летната туристичка сезона. Момироски вели треба да се работи на развлекување, повеќе културно, забавни, музички и сценски манифестации преку целата година.
Новинар Соња Рилковска