Skip to main content

Се одиграа финалните натпревари во одбојка во рамки на училишните спортски лиги

Во рамките на училишните спортски лиги на сојузот за училишен спорт  Охрид под  покровителство на локалната самоуправа Охрид организираше  финален турнир во одбојка  во спортска сала „Билјанини Извори“ за основни училишта во кој заедено учествуваа четири екипи,  ученици  машки и женски кои со заеднички сили се портудија  најдобро што можат да изиграат за своето училиште.

 |   | 

Се одиграа два натпревари со учениците и се постигнаа следните резултати :

Првиот натпреват се играше помеѓу учениците од ОУ „Св.Наум Охридски “ Пештани и ОУ„Живко Чинго “ Велгошти и како победник на овај натпревар е екипата на ОУ „Св.Наум Охридски “ Пештани која го освои третото место на одбојкарскиот турнир .
Во вториот напревар играа екипите на ОУ „Братство Единство“ и ОУ„Ванчо Николески “ Лескоец и како победник на овај натпревар е екипата на ОУ „Братство Единство“ која го освои првото место на одбојкарскиот турнир ,а екипата на ОУ„Ванчо Николески “ Лескоец го освои второто место на одбојкарскиот турнир .

Училишните спорски лиги продолжуваат наредната недела со финалните натпревари во футсал и натпреварите во атлетика за основни и средни училишта.