Сѐ е подготвено за 12-тата Охридска визита на ВИС „Билјана“
Се е подготвено за традиционалниот годишен концерт на ВИС Билјана. Традиционалната Охридска визита ќе се одржи утре , за прв пат во предворјето на црквата Света Богородица Перивлепта.
По дванаесетти пат публиката ќе ужива во звуците на староградскиот мелос, кој е белег на традицијата и културата. Специјална гостинка ќе биде Вера Милошевска Јосифовска- од групата Љубојна. ВИС Билјана, како четврта трубадурска генерација е чувар на музичката традиција. Приказната за Охридската визита започна како чествување на шеесет години од формирање на ансамблот од страна на Кузман Поп-Стефанија и континуирано се одржува до денес за зачувување на духот на охридската староградска песна.
„ Веќе сме при крај уште мали технички детали да сработиме утре и ги чекаме нашите обожаватели заедо да уживаме во 12 Охридска визита. За прв па од Сараиште, во Света Софија сега за прв пат во перивлепта сега и за нас е еден предизвик. 0133 Сето тоа беше како еден хепенинг по повод 60 години од формирањето на анасамбалот па рековме да направиме една маалска приредба а со годините прерасна во она што е денес”, вели Јован Поп Стефанија.
Годинава ВИС Билјана одбележува 15 години од своето формирање и постоење, велат целта е постигната ја чуваме, негуваме и всадуваме њубовта во староградската песна.
„Петнаесет години навистина не е еден мал јубилеј, се трудиме да ја продолжиме трубадурската тардиција се надевам успешно го правиме и дека ќе продолжиме уште долги години додека можеме. Денес имаме осум члена кои што се постојани да речам, концертна екипа со тоа што секогаш имаме некој член плус на друг инструмент за да го збогатиме звукот и да ја доловиме музиката како што била некогаш”, додава Поп Стефанија.
Радува тоа што веќе и помладата генерација ја препознава и сака староградската музика. Се повеќе млади лица се дел од овие концерти, а има интерес и кај талентираните да ја отсвират и отпеат.Новинар Соња Рилковска