„Секс, лаги и љубомора“ во петок повторно на репертоарот на охридскиот театар
Претствата се игра со почеток во 20.00 часот, а цената на билетот е 300 денари.
Охридскиот театар во петок повторно ќе се претстави со претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Марк Камолети во режија на Коле Ангеловски
Улогите ги толкуваат актерите: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ- Тодороска, Адријана Билаловиќ-Вељаноска, Елизабета Стефановска-Јандреовска и Марија Новак.
Претствата се игра со почеток во 20.00 часот, а цената на билетот е 300 денари.
Од НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид напоменуваат дека билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот, резервации за претставата не се примаат и се продаваат само на билетарата.