Skip to main content

Играна серија

Серијата Бриџертон владее на Нетфликс

Втората сезона веќе постави рекорд на стриминг-платформата помалку од една недела по премиерата, пренесуваат медиумите.
 |  инфодеск  | 
Бриџертон играна серија

Серијата „Бриџертон“ го продолжува своето владеење на „Нетфликс“ имајќи предвид дека втората сезона постави рекорд со 193 милиони часови гледаност забележани неколку дена по нејзината премиера.

Медиумите пренесуваат дека втората сезона веќе постави рекорд на стриминг-платформата помалку од една недела по премиерата.

Романтичната серија веќе има забележано 193 милиони часа гледање во светски рамки, најмногу од која било серија на англиски јазик на „Нетфликс“ во првите три дена, според „Холивуд репортер“.

Покрај ова, хит-серијата е исто така во топ 10 во 92 од 93 земји, каде што стримерот го следи рангирањето. Јапонија е единствениот исклучок, според ТХР.

Серијата, која дебитира на 25 март е само една од трите топ-10 серии продуцирани од Шонда Рајмс. „Измислувањето на Ана“ (Inventing Anna) моментно е трета.