Севе сака да се породи на роденденот на нејзиниот починат татко
Хрватската пејачка Северина Вучковиќ треба да се породи во вторник на роденденот на нејзиниот починат татко. И покрај тоа што лекарите строго и препорачуваат да се породи со царски рез, таа ја разгледувала можноста да се породи по природен пат и тоа во вода, начин кој сеуште не се практикувал таму.

Додека медиумите шпекулираа дека се породила на православниот Божик, пејачката, која е верена за српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, е во одлична физичка и ментална состојба и го чека моментот кога во прегратки ќе го има своето прво дете.
Севе последните денови од бременоста ги поминува во болничкиот апартман во сплитската болница, а за нејзината приватност и безбедност задолжени се двајца чувари ангажиран од страна на нејзиниот вереник. Како што е напишано во хрватскиот печат, во болничкиот апартман Севе има џакузи, голем плазма телевизор и компјутер.
{loadposition content9}