Skip to main content

Сексот превентива за грип

Според последното американско истражување, најдобрите превентивни мерки против грип се редовното миење на рацете, движењето и водењето љубов.

 |   | 
couple
пар

Според последното американско истражување, најдобрите превентивни мерки против грип се редовното миење на рацете, движењето и водењето љубов.

Миењето раце со сапун пет пати на ден го намалува ризикот од болести на дишните патишта дури 45 отсто. Најважно е да ги одбегнувате луѓето кои киваат, кашлаат или им тече носот. Исто така, голема улога во заштитата игра и движињето. Луѓето кои секојдневно пешачат барем половина час заболуваат четири пати поретко од оние кои тоа не го прават. Сепак, не претерувајте, бидејќи големото непрегнување може да го зголеми ризикот од сезонски инфекции, зато што мошне го исцрпува организмот.

sex

Една од најважните физички активности е и сексот. Луѓето кои водат љубов барем еднаш во неделата имаат повисоко ниво на имуноглобулин А, молекул на имунолошкиот систем кој има важна улога во заштитата на слузницата од вируси. Сувиот воздух и ниските температури се поволни за ширење на вирусот на грипот, затоа корисно е влажноста на просторијата да ја одржувате на околу 50 отсто, температурата во просторијата не би требало да биде пониска од 20 Целзиусови степени.
Ако често престојувате во простории во кои воздухот е сув, влажнете го носот со спреј со солена вода и пијте многу вода. Со техниките на опуштање (на пример, со длабоко дишење), ослободете се од стресот кој ве прави поподложни на грип.