Skip to main content

Што откриваат чкртаниците кои несвесно ги цртаме?

Дали и вие цртате разни нешта додека разговарате на телефон? Дејвид Спенсер, американски психолог, тврди дека врз основа на тие чкртаници може да откриеме многу нешта за својот карактер.

 |   | 
writing
пишување

Дали и вие цртате разни нешта додека разговарате на телефон? Дејвид Спенсер, американски психолог, тврди дека врз основа на тие чкртаници може да откриеме многу нешта за својот карактер.

writing

1. Спирали, непрекинати линии
Овие лица често се вртат во круг. Никаде не брзаат и не сакаат брзи почетоци и завршетоци. За пријатели бираат паметни и по малку таинствени лица склони кон филозофирање. Ова се лица кои немаат јасна визија за иднината туку и се препуштаат на случајноста.

2. Цвеќе, сонце
Полни со оптимизам, на овие луѓе сите им завидуваат. Секогаш се добро расположени, па и тогаш кога имаат проблеми. Секогаш се подготвени да помогнат, па затоа се омилени во друштво. Не се склони кон фантазирање, но се големи естети.

3. Испреплетени линии
Овие лица се доста избувливи. Сакаат да ги решаваат проблемите веднаш и мразат одолговлекувања. Тоа што жените не се многу женствени го надоместуваат со исклучителните ораторски способности со кои го привлекуваат вниманието врз себе. Нивниот мозок работи беспрекорно, а концентрацијата им е одлична. Не сакаат конфузни соговорници бидејќи лесно ја откриваат секоја нелогичност. Сомничави се, понекогаш без причина.

4. Риби, мечиња, мачки…..
Луѓето кои цртаат најразлични животни во душата засекогаш остануваат деца и се во постојана потрага по нежност. Упорно се обидуваат во луѓето да го пронајдат само она најдоброто. Обожуваат животни, а се и добри родители бидејќи имаат неверојано чувство за другите.

5. Вкрстени срца
Овие луѓе се големи романтичари. Лесно се вљубуваат и потполно се даваат себе си. Сепак, често се во постојан страв дека чувствата од другата страна не се вистински или дека нема да им бидат возвратени.

writing6. Крстови
Тие имаат весел и лесен карактер. Рационални се и не сакаат да се раководат со чувствата туку со логиката. Проблемите ги решаваат без двоумење, а ги краси и авантуристички дух. Затоа обожаваат егзотични патувања.

7. Човечиња
Овие лица уживаат во животот, но го сакаат и чувството на сигурност. Доколку човечето што го цртаат е од сопствениот пол тоа значи дека се прилично големи егоисти, но може да значи и дека им недостига брат или сестра. Љубовта на овие луѓе им е во втор план, а што се однесува до спортовите, ги сакаат оние во кои постои физички контакт. Научниците докажале дека овие лица се подложни на алкохолизам.

8. Геометриски облици

Оние кои ги привлекува геометријата се исклучително педантни личности. Не сакаат неразјаснети односи со луѓето и никогаш не ги оставаат нештата недоречени. Ако фигурите кои ги цртаат се преклопуваат, тоа значи дека сакаат да ги анализират другите.

9. Пајакова мрежа
Овие лица се исклучително трпеливи и полни со разбирање за другите. Во состојба се да ги слушаат другите со часови, па дури и оние кон кои не ги врзуваат емоции. Исклучително се креативни, а од партнерот очекуваат апсолутно внимание. Родени уметници.

{loadposition content9}