Швалерајот е наследен
Изгледа дека познатата поговорка “Каков татко, таков син…” била измислена со причина. Имено, научниците докажаа дека мажите чии татковци биле склони кон афери имаат поголема предиспозиција да ги изневеруваат партнерките отколку оние мажи чии родители имале хармоничен брак.
| | Сцена & Муабети
женкар

Новото истражување покажало дека изневерувањето е наследно и тоа по машка линија, па затоа ако се плашите дека вашиот партнер би можел да ве изневери, тогаш би требало да се распрашате за односот помеѓу неговите родители.
Научниците на Карловиот универзитет во Прага спровеле студија во која од испитаниците се очекувало да одговорат на прашањата за степенот на доверба, ставови за сексот, како и случаите на неверство во семејната историја.
Резултатите покажале дека доколку мажите растеле со татковци кои биле неверни, тогаш тие се посклони кон истите постапки, за разлика од жените, каде се покажало дека верноста на мајката не влијае на ќерките на истиот начин.
Според водачот на испитувањето, Хавличек, фактот дека мажот е среќен и задоволен во брак нема големо влијание на тоа дали ќе биде верен или не.
{loadposition content9}