Skip to main content

Симболиката на розите

Розата со право е наречена кралица на цвеќињата. Низ целиот свет е позната како традиционален симбол за љубов и убавина. Речиси сите уметници го величат овој цвет, писатели, поети, музичари…

 |  Маја Савиќ  | 
roza
црвена роза
Розата со право е наречена кралица на цвеќињата. Низ целиот свет е позната како традиционален симбол за љубов и убавина. Речиси сите уметници го величат овој цвет, писатели, поети, музичари…
roza
Во светот на уметноста во најголема мера се користи во периодот на грчко – римската антика каде во Стара Грција поетот Анакреонт во своите оди ја славеше роза како кралица на цветовите и цвет на боговите.

rozaВо антиката освен како цвет на љубовта и среќата била и симбол на херојска храброст, триумф и слава. Розите се ставале на гробовите на паднатите јунаци и ги поврзувале со задгробен живот. Во христијанската иконографија носи бројни значења – од рајска убавина и вечен живот, божја љубов и милост, се до непоколеблива вера и маченичка смрт.

За старите римјани розите претставувале раскош, богатство, убавина.

Ружите биле и атрибут на убавиците кои биле на продажба, затоа што со нив се кителе римските куртизани.

Заради тоа во 19 век проститутките биле нарекувани ружи, а јавните куќи носеле имиња „Кај црвена ружа“, „Во градините на ружа“ и сл.


{loadposition content9}