Skip to main content

Зошто треба почесто да ги јадеме

Сите здравствени придобивки од мандарините

Мандарините можат: да го подобрат здравјето на очите, учествуваат во превенција од мозочен удар, штитат од дебелина, ги зајакнуваат коските, придонесуваат за успешна апсорпција на железото и многу други придобивки за вашето здравје.
 |  инфодеск  | 
Мандарини

Мали и вкусни, мандарините се најсочните цитруси кои имааат низа придобивки за здравјето поради кои треба да ги вклучите во вашата исхрана. Иако потекнуваат од тропските шуми на Кина, мандаринските портокали сега можат да се најдат во многу делови од светот. Кој тип и да го одберете, нема да погрешите.

Како и секое цитрусно овошје, мандарините имаат изобилство на витамин Ц. Имаат и умерено количество на витамин А, 100 грама мандарини ви обезбедуваат приближно 14 проценти од дневниот препорачан внес на овој витамин, пишува „Webmd.com“. Присуството на овој витамин може да има благотворно влијание и на вашата кожа. Витаминот Ц игра важна улога во производството на колаген во вашето тело и токму тоа ја прави нашата кожа да изгледа младешки. Покрај овој витамин, мандарините можат да се пофалат дека содржат помали количини на тиамин, витамин Б6, бакар, калиум и витамин Б5.

Мандарините можат: да го подобрат здравјето на очите, учествуваат во превенција од мозочен удар, штитат од дебелина, ги зајакнуваат коските, придонесуваат за успешна апсорпција на железото, важни се за одржување добро здравје на косата и кожата, помагаат во зајакнувањето на имунитетот, учествуваат во обликувањето на мускулите и детоксикација на телото, спречуваат грчеви и го подобруваат расположението.

Тие се добар извор на калиум, кој го намалува крвниот притисок и го балансира срцевиот ритам, истовремено спречувајќи акумулација на лошиот холестерол на ѕидовите на артериите. Мандарините се одличен извор на растителни влакна, што значи дека со нивното консумирање можете да им помогнете на цревата да спречат запек и да ја олеснат контролата на празнењето.