Сладок е, популарен и не дебелее
Станува збор за костенот, високо квалитетно овошје кое е полно со енергија. Искористете ја сезоната и искористете ги неговите витамини и минерали.
Станува збор за костенот, високо квалитетно овошје кое е полно со енергија. Искористете ја сезоната и искористете ги неговите витамини и минерали.
Костенот е овошје кое содржи ниско ниво на масти, односно еден грам масти и помалку од 70 калории на еден грам. Покрај тоа, ова е единствен зрнест плод кој содржи витамин Ц, па така само 85 грама костени содржи 45% од дневната потреба.
Друга интересна карактеристика е тоа што костенот е богат со фолна киселина што е инаку типично за зелениот зеленчук, а не за зрнестите плодови. Приближно 100 грама костени нудат 62 µg фолати (или 15.5%). Така што, освен витамин Ц, на телото му обезбедува и витамин Б1, Б2, Б6 и фолна киселина. Фолната киселина е неопходна за формирање на црвени крвни клетки и ДНК синтеза. Консумацијата на храната богата со фолна киселина спречува абнормалности во фетусот.
Овој есенски плод е познат и како одличен извор на растителни влакна кои помагаат во намалувањето на нивото на холестерол. За да се има најголема корист од костенот, во текот на сезоната треба да се јадат околу 85 грама на ден.
Јадејќи го костенот внесувате магнезиум, бакар, манган, железо, калциум, фосфор, цинк и солидна количина на калиум (518 mg/100 g). Калиумот е доста важен елемент за балансирање на нивото на натриум, отчукувањата на срцето и крвниот притисок. Магнезиумот и фосфорот се важни за коските.
Без глутен
Исто како лешниците и бадемите, ниту костенот не содржи глутен. Од истата причина е популарна состојка во исхраната кај оние кои избегнуваат глутен.Во неговиот состав можеда се најде висок процент на скроб, поради што е сличен на компирот и пченката. Брашното од костен е лесно сварливо. Исто така лесен е за стомакот ако костенот е варен, печен или направен во квалитетно костен пире.
Костенот им помага на луѓето кои имаат проблем со бубрезите и со дигестивните проблеми, а чајот од костен ги ублажува симптомите на астма и бронхитис.Потребно е да се прави разлика меѓу питом и див костен. Дивиот костен не е за јадење, меѓутоа е лековит и се користи во креми. Најпознат е за лечење на проширени вени и оштетени капилари, а неговите екстракти се користат за припрема на медицински производи.
Печен или варен костен
Печениот костен содржи повеќе витамини, а варениот има поголема количина на минерални состојки.На костените им се припишуваат лековити својства и висока енергетска вредност, а особено се препорачува за спортистите и децата. Плодот на костенот има црвенкасто кафеава боја и мазна површина. Расте во бодликава подлога која пука во текот на есенскиот период кога овошјето созрева.
Ништо не потсетува на есен колку топлите костени во ладните раце за време на облачен ден. Мирисот на варени или печени костени секогаш создава чувство на удобност и топлина.
{loadposition content9}