Skip to main content

солзи и смеа

Смеа на секои 5 секунди: Новото шоу на „Солза и смеа“ утре во Охрид

Утре Охрид ќе се смее гласно: Премиерно шоу на „Солза и смеа“.
 |  инфодеск  | 

Охриѓани утре ќе имаат ретка можност да уживаат во едно од најочекуваните комични шоу-претстави годинава. Популарните тв ликови од „Солза и смеа“, кои веќе со години ја забавуваат македонската публика, оваа есен ја започнаа својата голема турнеја низ повеќе од 10 градови во земјава, каде, како што викаат, ќе ги наполнат салите до последото место.

Новото шоу премиерно ќе биде изведено во Охрид, вторник, 18.11.2025 година, во 20 часот во НУЦК Григор Прличев, сала која исто како лани, ќе биде претесна за да ги собере сите охриѓани кои ќе уживаат во смеата на овие добро познати комични ликови.

Билети може да се резервираат на телефонскиот број 077/ 867-169.