„Со книга на плажа“
Од денеска (20 јуни) почнува традиционалната книжевна акција што ја организира Клубот „Матица“ – „Со книга на плажа“. Веќе 13 години членовите и читателите во Македонија ја имаат можноста своето слободно време од летниот одмор да го искористат за читање на добра книга. Практиката од минатите години говори дека македонскиот читател е вистински вљубеник во книгата и доброто четиво, а покрај задолжителните работи потребни за летниот одмор, околу 25.000 македонски читатели со себе ги понесуваат своите книги од омилените автори.
Годинава изборот е зголемен како со домашна, така и со странска литература. Мотото „60 летни денови, 60 нови наслови“ и оваа година им овозможуваат на читателите да ги прочитаат насловите од омилените автори и бидат нивни сопатници на летниот одмор. Во анкетата спроведена во периодот мај-јуни, читателите ја избраа книгата „Рингишпил“ на Јелена Бачиш Алимпиш за хит-книга за ова лето. Книжевната акција „Со книга на плажа“ покрај Скопје, паралелно се одвива и во Охрид, Прилеп, Струмица, Кавадарци, Струга, Битола, Куманово, Гевгелија и Штип. Ако сакате книга, правец во „Матица“ па на плажа и уживајте во летото!
{loadposition content9}