Со матични клетки против вирусот ХИВ
Британец е вториот човек во светот дијагностициран со најчестиот тип на ХИВ вирус кој најверојатно е излечен од инфекцијата по трансплантација на матични клетки.
Британец е вториот човек во светот дијагностициран со најчестиот тип на ХИВ вирус кој најверојатно е излечен од инфекцијата по трансплантација на матични клетки.
Таканаречениот „Лондонски пациент“ ја примил трансплантацијата од донатор со ретка генетска мутација што го прави отпорен на вирусот – сличен на донаторот кој му помогна на првиот „Берлински пациент”, Тимоти Реј Браун (на фотографијата), да премине во ремисија пред 10 години.
„Лондонскиот пациент”, кој посакал да остане анонимен, живее без антиретровирусна терапија веќе 18 месеци, а на неговото тело не се видлици никакви знаци на вирусот.
„Постигнувајќи ремисија кај втор пациент со користење сличен пристап, покажавме дека ‘Берлинскиот пациент’ не беше аномалија и дека навистина е третмански пристап кој го елиминираше ХИВ кај овие две лица“, рече главниот истражувач на случајот, Равиндра Гупта.
Гупта додаде дека иако технологијата за трансплантација на матични клетки не е универзален третман за секого, таа може да придонесе за развој на други методи кои ќе помогнат да се елиминира вирусот на ХИВ од телата на луѓето.
Околу 37 милиони луѓе во светот живеат со ХИВ кој потенцијално може да се развие во синдром на стекнат имунодефицитен ризик (СИДА). Луѓето кај кои е дијагностициран ХИВ треба доживотно да земаат антиретровирусни лекови за да го потиснат вирусот.