Skip to main content

Хуманитарен концерт

Собрани над 12,2 милиони фунти за Украина

На хуманитарниот концерт за Украина каде меѓудругите свој настап имаа Ед Ширан и Камила Кабело, беа собрани над 12,2 милиони фунти или 21 милион долари.
 |  инфодеск  | 
Ед Ширан и Камила Кабељо на хуманитарен концерт за Украина

Добротворниот концерт за Укрина, на кој учествуваа суперѕвездите Ед Ширан и Камила Кабело, собра повеќе од 12,2 милиони фунти (над 21 милион долари) за украинските бегалци.

Емотивните приказни за бегалците од Украина и настапот на украинската победничка на Евровизија 2016 донесоа моќни моменти на настанот, организиран од британската ТВ-мрежа Ај-ти-ви.

„Концертот за Украина“ се одржа во живо во „Ресортс ворлд арената“ во Бирмингем во вторникот вечерта.

Џамала имаше страсна изведба на својата песна „1944“, победник на Евровизија во 2016 година. А приказните за двајца Украинци беа во центарот на вниманието кога ги прочитаа актерите Тамсин Грејг и Еди Марсан.

Шкотскиот виолинист Никола Бенедети ги придружуваше актерите додека ги пренесуваа мачните приказни за бегството од руската инвазија.

Џамала доби најгласни овации кога го крена украинското знаме што го држеше во текот на целиот свој настап.

Џамала на хуманитарен концерт за Украина

Пејачката побегна од Киев со своите деца на почетокот на војната.

Беше навистина тешко, но сега сум тука. Ви благодарам многу на сите музичари што ја поддржувате Украина, што застанавте со Украина, бидејќи тоа е навистина важно за нас – изјави таа претходно за Ај-ти-ви.

Приходите од концертот ќе бидат наменети на хуманитарниот апел на украинскиот комитет за вонредни ситуации, кој обезбедува храна, вода, засолниште и медицинска помош за раселените лица во Украина и за бегалците во соседните земји.