Skip to main content

Сонцето мина низ целосна измена на половите

Сонцето мина низ „целосна измена на половите“, а северниот и јужниот пол ги заменија места во средината на соларниот циклус 24.

sonce
сонце

Сонцето мина низ „целосна измена на половите“, а северниот и јужниот пол ги заменија места во средината на соларниот циклус 24.
 
– Промената на Сончевите магнетни полови е големо случување. Половите слабеат, доаѓаат до нулта точка, а потоа се креваат со изменет поларитет. Тоа е дел од редовниот соларен циклус, изјави Тони Филипс од американската вселенска агенција НАСА.

sonceИако се чини дека ова случување би можело да има катастрофални последици по галаксијата, неговото влијание главно влијае само на вселенските истражувања.

– Вселенските зрачења се опасни за астронаутите и леталата, а некои научници тврдат дека би можело да влијае на облаците и климата на Земјата, рече Филипс.

Поларните светлини на Земјата се шират и  стануваат се позачестени и видливи во периодот кога промената на Сончевите полови се во последната фаза. Процесот е спор и стабилен, а неговото влијание е далекусежно.

– Дострелот на магнетното влијание на Сонцето (познато и како хелиосфера) се протега милијарди километри после Плутон, објасни Филипс.

НАСА објави и визуализација на овие промени кои почнале од 1997 година, а завршува оваа година.

Соларниот циклус 24 се наведува како посебно непредвидлив. Прво доцнеше околу една година и се одвиваше многу бавно се до 2009 година. Научниците велат дека ова е еден од најслабите забележани циклуси, а ако трендот продолжи, Земјата би можела да доживее уште едно помало ледено доба.

{loadposition content9}