Сопранот Илина Митревска одржа концерт по повод празникот Св Климент Охридски
Во црквата Св. Софија, вечерва се одржа концерт на оперска пејачка – сопран Илина Митревска во пијано придружба на проф. Дарко Мариновски во чест на празникот Св. Климент Охридски. Присутните во име на Општина Охрид ги поздрави заменик градоначалникот Перчо Божиноски.
Делата како плод на уметноста носат вистина чија вредност е силен одблесок, а нејзините дарови се врвните уметнички души. Пред нас е аманет тоа да го негуваме како духовна ризница на Македонија затоа што културата е нашиот белег и нашето опстојување. Токму тоа како Општина Охрид го докажуваме со организацијата на овој величествен оперски рецитал со Илина Митревска – сопран и пијано придружба: Дарко Мариновски. Во чест на летен Свети Климент Охридски во овој духовен храм на убавината ги соединуваме јазикот на музиката и моќта на зборот. Ме радува што вечерва гледам искрен ентузијазам чувствувајќи колку многу си ја сакаме музиката и татковината. Да се препуштиме на нашите виртуози за кои не се сомневам дека има да допрат до нашите срца и што подлабоко да продрат во нашата душа, рече во своето обраќање заменик градоначалникот Божиноски.
Организатор на концертот е Општина Охрид, а се реализира со поддршка на Македонската православна црква.