Skip to main content

Совети за подолг живот

Неколку начини да се разубави секојдневието

 |  инфодеск  | 

Покрај физичките активности, здравата исхрана и доволно спиење, постојат неколку начини да се подобри секојдневието. Доктор Дејвид Б. Агус од калифорнискиот универзитет предлага неколку работи.

Дневен распоред

Темпото на современиот живот не ни дозволува да се држиме до дневниот распоред но сепак на организмот му е важно барем приближно да има рамка на сатница на активностите за да функционира полесно. Одете в кревет во исто време секој ден, јадете и тренирајте во приближно исто време колку е тоа можно.

Зошто е ова важно? Нашиот организам бара предвидливост, така се смалува стресот, се одржува хормонската рамнотежа. Навикнати сте да јадете на пладне, и тогаш ви ѕвони телефонот или имате неодложна обврска, па мора да се пропушти оброкот? Организмот веднаш ќе покаже знаци на глад, а истовремено ќе дојде до зголемување на кортизолот во телото, хормоните на стрес кои го контролираат телото да ја чува енергијата. Поради пропуштениот оброк, преминувате во режим на „опстанок“ затоа што организмот не знае кога ќе добие следен оброк. Со време, вакви изненадни ситуации влијаат на тежината, предизвикуваат болести на срце, несоница, појава на депресија, слаба концентрација…

Дневната рутина е многу значајна и овозможува да имате повеќе енергија, да бидете позадоволни, а нема варирање на килограмите, затоа што одржувањето на тежината е полесно.

Движете се

Нашето тело е „програмирано“ да се движи. На тој начин органите ја задржуваат виталноста и спремни се да се соочат со предизвиците. Современите луѓе малку се движат, а научниците пресметале дека 5 часа седење дневно има исто влијание како да сте испушиле една кутија цигари.

Без разлика со која професија се занимавате, што почесто станувајте и шетајте, тоа го можете и додека зборувате на телефон. На секој еден час направете пауза, прошетајте неколку минути. Пред и по работата пожелно е да прошетате.