Skip to main content

Совршен ден

Најубавиот ден се крие во магичната комбинација 6-7-8…

 |  Маја Савиќ  | 
happy family
среќно семејство
Денешниот ден е најсреќниот ден од годината пишува “Дејли експрес”. Магичната комбинација 6-7-8 ќе ги направи повеќето луѓе бескрајно задоволни, сметаат британските психолози. Бројот 6 одговара на датумот 6-ти август, 7 од 7 часот попладне, а 8 на осмиот месец од годината.
happy family
Според психолозите оваа комбинација гарантира 100% ведро расположение. Истражувањето  покажало дека 35% од луѓето сметаат дека сабота е најубав ден од седмицата. 20% изјавиле дека е август најпријатен месец во годината, со оглед на убавото време и сезоната за одмор, а луѓето почнуваат да се релаксираат во сабота, дури во 7 часот по пладне, според 33% од анкетираните.

Професорот Џеф Бити од Универзитетот во Манчестер ја потврди комбинацијата 6-7-8 како совршена претстава за животот – релаксирачки период, убаво сончево време и можноста за одличен помин на работа и со семејството.

{loadposition content9}